Историчарот Пламен Павлов во интервју за бугарски „Фокус“ вели формирањето на Мешовита македонско-бугарска комисија за историјата донекаде била грешка и ги повика македонските колеги од македонскиот тим „да престанат да бидат лицемери и да шират лаги“.
Павлов вели дека Бугарија немала друг избор освен да каже „не“ за македонските преговори.
Тој тврди дека има бугарско малцинство во Македонија.
„Во македонската пропаганда, која добива гебелсовски обем од време на време, се стига до апсурдни тврдења како сме ги сопреле со вето, па се до грозни цинични изјави од офцијални претставници. Оваа анти-бугарска кампања треба да престане и Бугарија е жртва во овој случај. Не сакаме ние да сме жртва. Не сакаме да го пренесуваме овој апсурден и измислен конфликт на бугарска територија. Ми се чини дека тоа што ние го зборуваме на официјално ниво, дека се плашиме од некакво македонско малцинство во Бугарија, е неодржливо“, вели тој, како што пренесува Фактор .






