Анкета: Македонија најнесреќна земја на светот

Македонија е на врвот на листата на најнесреќни земји на светот, пишува во извештај направен врз основа на истражување на јавното мислење на агенцијата Галуп спроведено меѓу 09 октомври и 02 ноември.



Делови од извештајот објавува водечкиот пакистански медиум на англиски јазик Thenews.com.pk.

Според извештајот врз база на анкета спроведена во 46 земји, може да се заклучи дека 54 проценти од луѓето на глобално ниво биле среќни, 14 проценти биле незадоволни, додека 31 процент имаат мешани ставови.

“Според наодите на Галуп, Киргистан се покажа дека е најсреќна земја со 85% задоволство кај граѓаните, следно се Казахстан со 78%, Колумбија и Еквадор по 77%, Азербејџан 76% и Нигерија 70%. Кај најнесреќните земји, Македонија е на врвот со резултат од – 3 поени”, пишува медиумот.

Оргиналниот текст на англиски јазик

https://www.thenews.com.pk/today

Најчитана вест

Неверојатно однесување на најпопуларниот министер во владата https://www.expres.mk/lekarska-komora-na-poteg-za-telefonot-na-filipche-vo-operaciona-sala/

Семејството на добриот хирург и лош министер жртва на пустиот ПиАр https://www.expres.mk/filipche-vchera-najavi-edno-vecherva-napravi-drugo/