Македонска актерка од Британија би била горда да ја игра Клеопатра

Македонската актерка Симона Живковска која дваесетина години гради кариера во Велика Британија би била горда да го игра ликот на египетската фараонка Клеопатра во новата продукција на историски настани но смета дека и израелската актерка Гал Гадот може да ја заврши работата со успех.



“Да ја глумам Клеопатра би било остварување на сонот!! Ама не се ни сомневам за работата на @GalGadot (Гал Гадот) ! Нејзината кариера доволно кажува! ???”, пишува Живковска која има мешано етнички потекло а се прослави во филм на Марвел.

Мајката на Живковска е Македонка а таткото на актерката која е родена во Скопје во 1994 е од малата островска држава Сент Мартин во Тихиот Океан на југот од Бангладеш.

Родената Скопјанка Симона Живковска глумеше во блокбастерот „Црната вдовица“ на студиото „Марвел“ со Скарлет Јохансон во насловната улога, чија премиера беше на 1 мај 2020 година.

Симона Живковска е родена во Скопје во 1994 година. Во 2001 година се преселила во Велика Британија. Првото телевизиско искуство ѝ било на 17 години во драмата „Моето убиство“ на Би-би-си.