Мико до бугарската влада: Откачете се, не однесувајте се како комунисти и фашисти

Македонофилот од САД Џејсон Мико со директна порака до бугарските власти откако тие во официјално соопштение побараа македонските власти да се грижат за правата на луѓето со бугарска самосвест во Македонија.



“Како прво, очекувам властите во Бугарија да се откачат (од…ат) , бидејќи тие се однесуваат како старомодни комунисти и фашисти (две страни на истата паричка).
О, секогаш и само Македонија”, пишува Мико кој важи за еден од најголемите немакедонски поддржувачи на Македонија во САД.

Извесно е дека бугарската влада нема да преземе нешто против американскиот државјанин затоа што правото на слободно изразување е гарантирано со уставот и практиката.

Во оргиналната порака на Мико наместо зборот “Откачете” се користи таканаречениот “F – word” кој заради пристојност нема да го употребиме во текстот.

Барањето на Бугарија

Без да даде никаков доказ за своите обвинувања

Софија бара заштита од “улична правда” за бугарите во Македонија