Поранешниот шеф на Постојаната мисија на Македонија во ОБСЕ, Арсим Зеколи, го коментира недобивањето агреман од НАТО за предложениот воен претставник на Македонија, полковникот Зоран Секуловски.
Недобивање агреман не е голем скандал. Да инсистираш цела година во номинирање ист, претходно одбиен лик е Скандалиште. Но веќе помалку за кандидатот, многу повеќе за Претседателот и МинОдбрана. Скандалот е интересен и по тоа кој медиум го објавува- пренесува и кој го игнорира.