Фотографии од фамилијата Мизрахи кои биле однесени во Треблинка, покажа на денешната седница пратеничката Рашела Мизрахи, на денешната собраниска седница резервирана, како и секој последен четврток, за пратенички прашања до премиерот и Владата.
„На оваа фотографија е целото мое потесно семејство, кое беше товарено во воз за Треблинка од бугарскиот фашистички окупатор. Преживеа само мојот дедо, чиј наследник сум јас, рече од собраниска говорница пратеничката на ВМРО-ДПМЕ.
„ Дали господине Заев сè уште стоите на ставот дека Бугарија во времето на Втората светска војна била администратор на Македонија, а не фашистички окупатор оти мојата фамилија не е отепана со пенкало, дали уште стоите на ставот дека бугарските војски ги ослободувале Крива Паланка, Куманово и Скопје, свесни ли сте дека со изјавата за БГНЕС дека Петрич и Струмица зборат на ист јазик дали е бугарски или македонски сте на иста линија со негаторските политики на нашиот источен сосед со кои се негира постоењето на македонскиот јазик и негово сведување на нормата на бугарскиот јазик, па по тоа дали зборувате на македонски или на бугарски јазик и ако говорите на македонски јазик, тогаш дали петричкиот дијалект е дијалект на македонскиот јазик?“, праша пратеничката Рашела Мизрахи од собраниската говорниц , праша Мизрахи.






