И АЕК доби директор од ДУИ

Јетон Акику, е назначен за директор на Агенцијата за електронски комуникации, регулаторното тело кое ја регулира работата на операторите на мобилната и фиксната телефонија, како и ТВ-сигналите.



Акику е предлог на владејачката ДУИ и доаѓа на местото на досегашниот директор, Сашо Димитријоски.

Медиумите на албански јазик соопштија дека за прв пат на чело на АЕК е назначен Албанец, по претходен договор помеѓу владините коалициони партнери СДСМ и ДУИ.

Акику претходно работел во НЛБ Банка.

АЕК своето финансирање во најголем дел го обезбедува од наплатата од работењето на Телеком и А1 ВИП, пишува Фактор.