Италијанскиот обвинител за малолетници во Трст, Леонардо Тамборини, алармираше претходните денови за трговија со деца од Косово и нивната злоупотреба, посочувајќи дека е крајно време сериозно да се сфати проблемот – „додека не биде доцна“, пишува „Косово онлајн“.



Тамборини предупредувал на овој проблем претходно, на почетокот на оваа година, го информирал официјален Рим за трговија со деца од Косово, но до денес, реакцијата на италијанските власти изостана. Италијанските медиуми пишуваа за тоа во февруари, а пред неколку дена приказната повторно се ажурираше.

Според италијанската Влада, вкупно 481 малолетник без придружба влегле во Косово во 2018 година, а 411 во 2019 година. Овој феномен е особено изразен во регионот околу Трст, каде полицијата потврдува дека е регистриран барем еден случај на влез – секој ден.

Сведоците наведуваат дека патот започнува од Приштина, преку Белград, Шид, а потоа преку тајни премини преку ридовите сè до Италија. Сведоците велат дека шверцерите се менуваат на секоја граница, дека имаат одлични меѓусебни односи и дека разговорот меѓу малолетници е забранет.

„Зборуваме за работата на мафијата вредна најмалку 100.000 евра месечно. Сите нивни патувања беа организирани и единствениот што се занимаваше со нив беше приштинскиот обвинител кој поднесе барање за информации за тоа што се случува со малолетници во Италија”, вели Тамборини.

Овие малолетнички групи сè повеќе стануваат девијантни и опасни за градот, смета обвинителот. Кога ќе достигнат полнолетство, тие стануваат дел од организиран криминал, шверц на дрога и оружје, а нивните главни патишта се Трст-Венеција-Милано.

Бидејќи тие сè повеќе претставуваат опасност за италијанското општество во кое воопшто не се вклопуваат, обвинителството во Трст го подигна на највисокото национално ниво барањето за прекинување на овој синџир.