Уште еден земјотрес со јачина од 4,1 степени беше регистриран во Хрватска во 9:22 часот, а претходно утрово централна Хрватска изутринава повторно беше погодена од два посилни потреси со епицентар на подрачјето на Петриња.



Земјотресот кој се случи во 6:15 часот изутринава бил со магнитуда од 4,7, а вториот, нешто подоцна, со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала потврдија од хрватскиот Сеизмолошки завод.

Отааму велат дека потресите ќе продолжат а регистрирани се 25- 30 земјотреси со јачина од над 3 степени.

Вчерашниот силен земјотрес во Петриња однесе седум животи, а хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вчеравечер изјави дека „веројатно“ бројот на жртвите ќе се зголемува.

Размерите на уништување најдобро можат да се видат на снимките направени од воздух на скоро целосно разрушената Петриња, уништена од земјотресот.

Голем број куќи во центарот на градот беа целосно срушени.

Градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ, ги опиша штетите од земјотресот, велејќи дека „половина град исчезна“.