Катастрофален пад на довербата во Филипче, се уште е подобро оценет од Заев

Интересни резултати од вториот дел на анкетата на МЦМС, М-проспект и Телма кој е бојкотирам од провладините медиуми.



На прашањето за доверба во актуелните министри резултатите покажуваат дека дека испитаниците имаат најголема доверба во Министерот за здравство, Венко Филипче (43,2%), по него е премиерот Заев со 39,7, министерот за надворешни работи, Бујар Османи (29,4%), па министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска (27,9%).

На ова прашање мнозинство од испитаниците одговориле негативно, односно дека целосно или донекаде немаат доверба во овие министри (Радмила Шеќеринска- 68,9%, Бујар Османи- 67,1%, и Венко Филипче- 54,6%).

Колкав е падот на довербата во Филипче најдобро може да се види од анкетата на Детектор изработена за потребите на истата емисија која се емитуваше на Телевизија Сител, објавена кон крајот на март 2020 година.

Тогаш министерот за здравство уживаше доверба од високи 82%. Тоа значи дека за 6 месеци довербата во Филипче е падната за речиси 39%.

Венко Филипче има скоро и двоен пад на рејтингот кај граѓаните, но сепак тој останува политичар/функционер со повисок рејтинг и од неговиот партиски лидер Зоран Заев, кој според резултатите од истата анкета има рејтинг од 39,7%.

Бонус тема

Тежок удар за безбедносните служби: НАТО не дава сертификат за македонски офицер