Најнов биланс на земјотресот во Хрватска: 7 загинати и 26 повредени (ВИДЕО)

Министерството за внатрешни работи на Хрватска објави дека во земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала со епицентар во Петриња загинале 7 лица, а 26 се повредени.



Животот го загубија пет мажи во Мајски Полјани, едно 12-годишно девојче во Петриња и уште еден маж во местото Жажина, најден во урнатините на жупаниската црква.

Од повредените, 20 се во тешка состојба, а 6 со полесни повреди.

Потрагата по преживеани лица во урнатините и понатаму трае.

Пред жителите на Петриња, Сисак, Глина и на други места во Сисачко-мославинската компанија е бессона ноќ, која ќе ја поминат во автомобили или во шатори, бидејќи многу од објектите не се безбедни.