Двајца ученици од Средното скопско училиште „Владо Тасевски“ – ПТТ денеска се истерани поради сексуални навреди упатени до професорка.



Еден од учениците, незадоволен што треба да вклучи камера при онлајн испрашување, почнал да упатува навреди кон професорката.

Професорката го предупредиле дека иако нема камера, може да го слушне по што му вели дека ќе му стави единица, но и дека ќе го извести класниот раководител за скандалозното однесување.

Друг ученик, го снимил случајот и видеото го споделил на социјалната мрежа „ТикТок“ .

По ова заседавал наставничкиот совет и едногласно донел одлука да ги исклучи двајцата ученици.

„ СУГС Владо Тасевски е училиште во кое се почитуваат кодексот на однесување, правилникот за изведување на онлајн настава и секоја повреда ќе ја санкционираме“, велат од училиштето.