Педесет евра казна му е изречена на возач кој синоќа со возило влезе на Плоштадот Македонија и потоа „се крстеше“ пред споменикот на Цар Самоил.



Видеото од настанот беше споделено на социјалните мрежи.

„По објавеното видео на социјалните мрежи, каде што е прикажано непрописно паркирање на јавна површина на улицата Македонија, градските инспектори веднаш реагираа и го казнија сторителот со казна од 50 евра“, соопштија од Град Скопје.

Пред три дена на Плоштад влета возило „бентли“ за што на сопственикот му беше изречена казна од 45 евра.