Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди централна Хрватска нешто по 12 часот денеска.
Корисници на Твитер известуваат дека центарот на Петриња е уништен, сирените се слушаат низ целиот град.
Хрватскии медиуми јавуваат дека во земјотресот загина дете.

„Извлекуваме луѓе од автомобилот, не знаеме затоа што имаме мртви и ранети, слушнав и дека се сруши градинката, но за среќа немаше деца во градинката, додека другите деца успеаја да ги спасат“, рече Думбовиќ. „Постои општа паника, луѓето бараат свои“, соопшти градоначалникот на Петриња, Даринско Думбовиќ.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил на 47 километри југоисточно од Загреб, односно на 3 километри од Петриња.





