Царинска управа бара 119 вработени на определено време за повеќе позиции, поради зголемен обем на работа.
Од советник за односи со јавност, оператор за кореспонденција и административно технички и организациски работи во кабинет на директорот, па се до инспектор за финансиски истраги , цариници и наплатувачи на гранични премини за царинарниците Гевгелија, Битола, Куманово…
Платите се движат од 17.843 денари, се до 37.538 денари, стои во Огласот на Царинската управа.






