Над 60 проценти од граѓаните се против да биде потпишан анекс на Договорот за добрососедство со Бугарија, со кој ќе се гарантира дека Македонија нема територијални претензии , нема да се меша во внатрешните работи, дека нема да навлегува во други, вклучително и национални и идентитетски прашања.
Ова го покажува анкетата што синоќа ја објавија Телма и МЦМС, што ја изработи агенцијата „М проспект“, и во која 61,9 отсто од испитаниците изразиле несогласување со ваквов евентуален чекор.
Една третина, или 33,5 отсто рекле дека се согласуваат да биде направен вакоов анекс, додека 4 отсто не знаат, а 0,6 отсто од испитаниците одбиле да одговорат на ова прашање.






