Имал ли градоначалникот на Лозово Аце Велковски лиценца за организирање на игри на среќа односно лотарија?
Веќе цела македонска јавност дозна дека ќерката на градоначалникот Ацо Велковски , при извлекувањето на наградите беше најсреќна во Лозово и ја доби главната награда- шпорет!
Но тоа што не е за смеење е дека според законите во Македонија наградни игри може да организираат само трговски друштва за што треба да добијат лиценца од министерството за финансии.
А општината ниту е Трговско друштво, ниту смее да организира наградни игри.
Притоа, за учество во наградната игра на Ацо Велковски, општината продавала купони, лозови, со определен број, на кои што јасно е напишано „Новогодишна лотарија“, на нив има општински печат, а се продавале по цена од 50 денари.
Со тоа, општина Лозово и организаторот и добитникот на главната награда шпорет мора да одговори, по кој закон општината организирала игри на среќа, со чија дозвола се печатени и продавани лозови за игра на среќа, кој му издал лиценца, како е платена лиценцата за игри на среќа, колку таа лиценца ја олесни општинската каса, но и каде завршиле парите од продажбата на лозовите?
Како се набавени наградите меѓу кои и шпоретот кој што го доби градоначалникот, дали од општинските пари, дали со парите од купените лозови, па и дали бројот на собрани пари од продажба на лозови ги покриваат сметките за организацијата и наградите?
Одговори треба да стигнат и од Министерството за финансии и од УЈП дали организирањето на ваква лотарија е законска или не?
Доколку е законска, да посочат според кое законско решение е направено и зошто, ако така се полнат општинските каси, до сега не биле организирани и од другите општини?
Но, главниот одговор кој што недостасува е зошто доколку е незаконски организирана оваа лотарија до сега немаше реакции од Министерството за финансии и од УЈП?
Градоначалникот на Лозово не му е прв пат да биде во медиумите, но не по својата работа, туку заради скандали со насилство и мобинг спроведуван врз вработена во општината и врз вработена во општинското училиште.
Видео од лотаријата
Македонска мизерија: Татко градоначалник организира наградна игра, ќерката добитник (ВИДЕО)






