МВР ќе отвори анонимен бесплатен телефонски број 0800-00-201 на кој граѓаните ќе можат да пријавуваат организирани настани и прослави.
„Денеска ќе излеземе со еден проект за бесплатен телефонски број, анонимен, и повикувам секој еден граѓанин да помогне и да биде партнер во спречувањето на ширењето на вирусот и таму каде што ќе има организирани настани и прослави да извести на тој телефонски, анонимен број“, изјави министрот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.






