Денеска сапи во сила декретот на грчкиот претседател со кој Грција ги проширува територијалните води во Јонското море од 6 на 12 наутички милји, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи.



„Претседателскиот декрет е издаден во согласност со законот со кој се ратификува Конвенцијата на Обединетите нации од 1982 година за правото на морето“ се вели во изјавата на грчкото Министерство за надворешни работи.

Во Албанија опозицијата бурно реагира  и гои обвинува премиерот  Еди Рама за предавство со договорот потпишан со Атина во 2013-та.

Реагираше и поранешниот албански претседател Бујар Нишани, велејќи дека „предавството има име”, асоцирајќи при тоа на премиерот Еди Рама.

„Премиерот на Албанија им кажува на Албанците дека проширувањето на морската територија на Грција на 12 милји е право на Грција и дека Албанија нема причина да се жали. Поголем и поцрн скандал, не може да има! Кој е интересот и правото на Грција должност да го каже е на премиерот на Грција. Должност и одговорност на премиерот на Албанија е да го заштити и го каже интересот на Албанија, напиша Нишани на Фејсбук.