Груевска-Маџоска за „реформата“ на Царовска: Како авторите да не живеат во Македонија

Симона Груевска-Маџоска, професорка од Институтот за македонски јазик „Кртсе Мисирков“ – Скопје, со шест констатации за „реформата“ на образованието најавена од министерката Мила Царовска:



„1. Пишувана е како авторите да не живеат во Македонија;

2. Личи на програма на невладина организација;

3. Поставена е наопаку зашто не се почнува со наставниот кадар, на пример Педагошкиот факултет да се зајакне, зошто знаеме со години на кое ниво е (во развиените земји дополнително се квалификуваат минимум една година), туку со учениците од најмала возраст;

4. Пишува дека учебниците се веќе готови. Или не се пишува вистината или се во контрадикција сами со себе зашто велат дека се неквалитетни постојните;

5. Концепцијата е направена врз резултати од ЕДНА анкета направена во ноември 2020;

6. Уште полоша е кога ќе се прочита. Немам зборови за ароганцијата со која некој за толку кратко време сака да експериментира со децата“.