Кога една партија неколку месеци пред пописот што сите го чекаме речиси 20 години, ќе ви даде предлог да се купат илјадници апарати за чија набавка не само што требаат пари, туку треба и долг временски период, тоа практично покажува дека повторно не сака да има попис, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
„Тоа е истата партија која еднаш тргна во попис, самата ги уриваше правилата на попис. Потроши 4 или 7 милиони евра и потоа рече „пу пу не важи“.
Министерката оценува дека и овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ е само уште еден обид да се одлага пописот и да се проблематизира за да не се покаже дека кога државата сака да има попис, може да има попис’ пренесува Опсервер.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека со предвиденото законско речение едно лице од едно домакинствоп да ги „диктира“ матичните броеви на „останатите“ на пописот може да се „евидентираат“ неверојатни 3 милиони жители во Македонија.





