Зеколи за недостигот на пршлени кај претседателот Пендаровски

Политичкиот аналитичар и екс амбасадор Арсим Зеколи го критикува претседателот Пендаровски што не бил достоинствен и не застанал во одбрана на екс претседателот Црвенковски чиј советник беше и кој го промовираше во високата политика.



Пендаровски не ги коментира изјавите на Заев кој отворено го навредува Црвенковски откако овој се побуни против позицијата на премиерот кон Бугарија.

“Бев убеден дека Стевица ќе најде барем еден пршлен од рбет и реагира кон изјавите на неговиот шеф Заев за Црвенковски”, пишува Зеколи за Пендаровски и забележува зошто се помалку го почитуваат и во странство.

Иако вообичаено новиот американски претседател Бајден според протоколот требаше да прати писмо до партнер на негово ниво – шеф на држава, Пендаровски не доби писмо од Вашингтон.

“Дотолку повеќе што Бајден не го есапи и праќа писма до шефот му. Кога по дома немаш интегритет, ни надвор не те есапат”, забележува Зеколи за нарушената внатрешна и меѓународна позиција на Пендаровски кој дома се соочува и со сериозни проблеми кои му ги предизвикува директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу кој самиот го именуваше.