Бугарски царинци пронашле повеќе од 33 килограми канабис вреден 69.000 евра во автомобил со кој управувал македонски државјанин.



Нстанот се случил на 23 декември кога цариниците, при контрола, пронашле 76 пластични кеси со марихуана под просторот за багаж и под двете предни седишта.

Возачот, Р.Р. (58), патувал сам, од Македонија преку Бугарија до Турција.

Денеска, на барање на Окружното обвинителство – Хасково, судот на Р.Р. му изрече мерка притвор.