Директорот на АР Муслиу, назначен од Пендаровски, добил кривична пријава

По констатирано политичко влијание врз судството во случајот Меѓународен сојуз кога беа презентирани пораки од примерот Зоран Заев, од кривична пријава против висок безбедносен службеник се навестува и случај на разузнавачко влијание врз независни државни органи.



Ваква ситуација постои во наративот на Кривичната пријава поднесена од екс советникот за национална безбедност на претседателот Ѓорге Иванов, Др. Синиша Алексовски против актуелниот директор на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу.

Пријавата доаѓа два месеци откако Антикорупциската комисија не го прогласи Муслиу за невин но сепак ги прекина сите случаи против него и побара да се донесе нов Закон за АР.

За таквата постапка Алексовски веќе поднесе Кривична пријава против Биљана Ивановска прв човек на ДКСК која е блиска на претседателот Пендаровски кој пак го именува директорот на АР Муслиу.

Во Кривичната пријава против Муслиу се посочува класичен пример за заробена држава за која зборуваше евроекспертот Рајнбард Прибе кој посочи на опасност од приватизирање на институции за остварување на лични интереси.

Кривичната пријава која е веќе поднесена до јавното обвинителство содржи наводи за постоење на основано сомнение дека Муслиу сторил едно кривично дело ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ од член 353 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик и едно кривично дело НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА од член 353-в став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик како и кривично дело ДАВАЊЕ НАГРАДА ЗА ПРОТИВЗАКОНИТО ВЛИЈАНИЕ од член 358-а

Според пријавата, во месец декември 2019 година, ЕРОЛД МУСЛИУ во својство на Директор на Агенција за разузнавање донел решение со кое доверил патничко моторно возило SKхххххх во сопственост на Агенцијата за разузнавање, а кое е донација од странски партнер за точно определена намена, на Претседателот на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, ДАНИЦА ЧАДИЕВА заради вршење на директно влијание врз одлуките на независен државен орган што одлучува по негови решенија за работни спорови.

Во образложението на Одлуката за запирање бр.12-233/13 од 13.10.2020 на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) е констатирано дека отстапувањето на предметното службено возило во сопственост на Агенцијата за разузнавање е со склучен договор за определено време за потребите на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Според пријавата, воедно во образложението на Одлуката за запирање бр.12-233/13 од 13.10.2020 на ДКСКС, а со цел да се оправда дејствието, се посочува и дека Агенцијата за разузнавање склучила договори и со други државни органи на кои отстапувала ПМВ меѓу кои и Министерството за здравство кое пак нема никаква директна поврзаност со предмети од работни спорови во втор степен и друга управна постапка со Агенцијата за разузнавање.

Кривичната пријава открива дека во образложението на ДКСК нема наведено и по колку жалби за предмети од работен спор на работници од Агенцијата за разузнавање во периодот по добивање на возилото, Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен донела решение во корист на Агенцијата за разузнавање, а на штета на вработените.

Со горенаведеното дејствие содржеа и во Кривичната пријава, директорот Еролд Муслиу постапил спротивно на членот 54 ЕКОНОМИЧНО КОРИСТЕЊЕ НА ДРЖАВНИ СРЕДСТВА и спротивно на членот 62 ЗАБРАНА ЗА ВРШЕЊЕ НА ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ДРУГ од законот за спречување на корупција и судир на интереси и злоупотребувајќи ги своите дискрециони овластувања извршил противзаконито влијание врз независен државен орган кој одлучува по неговите решенија во постапка од работен однос во втор степен, со цел да ги потврди донесените решенија во прв степен во Агенцијата за разузнавање

Во образложението на Кривичната пријава за високиот државен безбедносен функционер се цитираат и законските одредби од законот за спречување на корупција и судир на интереси кои се повредени од Еролд Муслиу во вршење на неговите дискрециони овластувања и законски одредби од кривичниот законик со кој се дефинираат елементи на постоење на кривично дело противзаконито влијание.

Во пријавата се цитира Законот за спречување на корупција и судир на интереси (Службен Весник број 12 од 19.01.2019 година):

Економично користење на државни средства
Член 54
Секое службено лице е должно да ги чува државните средства што му се доверени и со нив да располага на најекономичен начин и за однапред определените намени. Забрането е средствата да се користат за при- ватни цели или да се даваат на друг на користење.

Забрана за вршење влијание врз друг
Член 62
(1) Службено лице не смее да ја користи својата положба вршејќи влијание врз друго лице во државен орган, јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице, за тоа да донесе или не донесе определена одлука, да стори нешто, да пропушти или да трпи, заради остварување корист.
(2) Секој граѓанин има право да ја извести Државната комисија за повредата на одредбите од ставот (1) на овој член.

Кривичен законик (пречистен текст)

Давање награда за противзаконито влијание
Член 358-а

(1) Тој што на друг директно или индиректно ќе му даде награда, подарок или друга корист или ветување или понуда за таква корист, за него или за трето лице, за да со искористување на своето реално или претпоставено влијание, службена или општествена положба и углед, бара, интервенира, поттикнува или на друг начин влијае да се изврши определено службено дејствие што би морало да се изврши или да не изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши, ќе се казни со затвор од една до три години.

(2) Тој што наградата, подарокот или другата корист, ветувањето или понудата за таква корист, директно или индиректно, ќе ги даде на друг за да со искористување на своето реално или претпоставено влијание, службена или општествена положба и углед, бара, интервенира, поттикнува или на друг начин влијае да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши или да не се изврши службено дејствие што би морало да се изврши, ќе се казни со затвор од една до пет години.

(3) Ако делото од ставот (2) на овој член е сторено во врска со покренување или водење кривична постапка против определено лице, сторитело ќе се казни со затвор од три до пет години.

(4) Тој што на друг директно или индиректно ќе му даде награда, подарок или друга корист или ветување или понуда за таква корист, за него или за трето лице, за да со искористување на своето реално или претпоставено влијание, службена или општествена положба и углед, бара, интервенира, поттикнуваува или на друг начин влијае кај одговорно лице, одговорно лице во странско правно лице што врши дејност во Република Македонија или лице кое врши работи од јавен интерес да изврши или да не изврши дејствие што е спротивно на неговата должност, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

(5) Ако делото од ставовите (1), (2), (3) и (4) на овој член е сторено по барање на лицето кое треба противзаконито да посредува, а сторителот го пријавил пред да биде откриено или пред да дознае дека е откриено може да се ослободи од казна.

(6) Наградата, подарокот или другата корист ќе се одземат.

Подносителот на Кривичната пријава на
Јавното обвинителство му предлага да ги разгледа наводите во оваа кривична пријава и согласно надлежноста да постапи по закон а во прилог доставува одлука на за запирање на постапка на ДКСК која се однесува на Муслиу:

ОДЛУКА ЗА ЗАПИРАЊЕ на ДКСК бр.12-233/13 од 13.10.2020 по предмет број 12-3812 оформен по анонимна пријава бр.12-3812-1 од 07.08.2019 година како и запирање по пријавите со број 09-2974/1 и број 12-2975/1 кои се споени со истиот.