Како земји членки на Европската Унија, кои од утре ја почнуваат вакцинацијата против коронавирусот, Грција и Бугарија денес ги добија првите пратки со по 9.750 дози вакцини од „Фајзер“ и „БиоНтек“ против ковид-19.
Вакцината се дава на два пати, што значи дозата е за по 4.875 лица.
Грција , а подоцна и Бугарија ветија дека дел од европските пратки вакцини, ќе пренасочи за Македонија.





