Сите патници кои од понеделник ќе патуваат во Турција, ќе треба да бидат тестирани негативно на коронавирус, објавија Ројтерс и Асошиејтед прес.
Патниците без ПЦР тест, не постар од 72 часа нема да смеат да се качуваат на летови кон Турција, а оваа мерка ќе важи до март.
Турција забрани каква било забава во хотелите низ целата земја од 31 декември до 4 јануари.
Во моментов во сила е ограничување за излегување помеѓу 21.00 и 05.00 часот и во работните денови и за време на викендите.
Во продажни места, може да се влегува само со QR-код, кој во Турција се нарекува „здравствен код“.





