Славењето на Христовото раѓање според грегоријанскиот календар првпат поминува без сестра Татјана, која на само нејзе својствен начин знаеше да ги спои љубовта кон Македонија и кон Бога, споделувајќи ги преку Твитер.
Таа и нејзината родена сестра и сестра од редот Евхаристинки, Леонија, починаа во ист ден, на 21 октомври годинава.
Сестра Татјана го водеше Катедралниот хор во Скопје, но во животот посветен на Бога секогаш наоѓаше време за да упати и пораки на љубов кон татковината преку социјалната мрежа.
Борејќи се против промената на името и за зачувување на македонскиот идентитет, позираше и со знамето со сонцето од Кутлеш, како во честитката за Денот на народното востание 11 Октомври:






