Во последното деноноќие во Македонија од компликации предизвикани од коронавирус починале 26 лица, а регистрирани се уште 489 позитивни случаи од 1.892 тестирања.
Деветмина од починатите се од Скопје, на возраст од 69, 58, 71, 60, 49, 74, 44, 66 и 89 години, тројца од Прилеп (72, 88 и 63), по двајца од Велес (61 и 72), од Битола (52 и 75) и од Куманово (60 и 46) и по еден од Штип (61), од Струга (69), од Охрид (84), од Гостивар (54), од Струмица (71), од Берово (79), од Делчево (66) и од Кичево (51).
Бројот на смртни случаи од почетокот на епидемијата во земјава се искачи на 2.401, а бројот на заразени достигна 80.896.




