Уште еден, четврти инцидент за еден месец, со македонски шверцери кои што се уапсени на грчка територија додека се обидувале да шверцуваат нелегални мигранти.
Во најновиот случај од завчера уапсен е 24 годишен македонски државјанин кои што се обидел да прошверцува 8 Пакистанци на македонска територија.
Откако грчките гранични полицајци во близина градот Комотини му дале знак да застане за проверка македонскиот државјанин не застанал и се обидел да избега а откако по неколку километри свртел на спореден пат, бил фатен и уапсен.
Полицијата му го одзела возилото – комб и мобилниот телефон, шверцерот е изведен пред јавен обвинител и очекува судење а Пакистанците привремено до депортација назад во Турција се сместени во прифатен центар за мигранти.
Сличен инцидент со шверцер на мигранти кој се обидел да им избега на грчки полицајци се случи и пред две недели на истата локација.





