За време на својата посета на Македонија на крајот на август грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас со своите домаќини меѓу другите теми се очекува да разговара и за случајот со генералниот конзул на Македонија во Торонто.
Според Грција генералниот конзул на Македонија во Канада Јовица Палашевски ја прекршил времената спогодба со тоа што во име на земјата одржал официјален говор пред мапа на Етничка Македонија на која што се прикажана сегашни територии на Грција.
Палашовски кој се обратил пред неколку илјади Македонци во Канада говорот го одржал на прославата за Илинден.
По острите реакции од грчката дијаспорта во оваа земја грчкото МНР подготвило извештај за сите слични вакви инциденти по што било сугерирано ваквите случаи да бидат тема на официјалните средби на Коѕиас во Македонија.
Грција очекува генералниот конзул во Торонто да биде сменет а толерирањето на Палашовски за официјална Атина ќе значи дека и новата влада во Скопје се согласува со иредентистичките политики кои што Македонија, според грчките власти ги промовира во односите со јужниот сосед.
Предходно грчката влада испратила официјална нота до македонската амбасада во Канада и весникот Торонто Стар поради рекламата објавена пред Илинден.





