Рано утринава во 6,30 час маж со црн „пасат“ удрил во ограда од угостителскиот објект „Манда“ на почетокот на булевар „Партизански одреди“ кај семафорите со улицата „Даме Груев“.
Според првичните информации на Страна.мк нема повредени, а е направена само материјална штета.
Возачот излегол од автомобилот и без да погледне што се случило заминал. „Пасатот“ го оставил удрен во оградата.
Но од МВР за 360 степени велат дека возачот бил затекнат на самото место и имал комуникација со полицијата, но засега нема многу детали за причините како се случила несреќата.
„Возачот изгубил контрола над возилото и нема повредени. Засега не можеме да соопштиме други информации“, рекле од МВР.
По неколку часа шлеп служба го подигна возилото, а полицијата изврши увид.





