Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во својство на сведок на одбраната денеска се појави на судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година. Тој требаше да сведочи и на минатите две рочишта, но поради обврски и неуредна покана не можеше да дојде.
Покрај Мицкоски, денеска се очекува да будат испитани повеќе сведоци од ВМРО-ДПМНЕ.
На претходдно рочиште на 22 декември како сведоци на одбраната беа сослушани поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски и Владимир Неловски. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”, потсетува Фактор.






