И покрај барањето од Албанија, ЕУ одлучи дека нема да дистрибуира вакцини во Албанија истовремено со земјите членки на ЕУ, а Балканот ќе ги добие само преостанатите вакцини.
Ваквата одлука за албанскиот премиер Еди Рама е – несреќна, пренесуваат медиуми.

„Ние сме во контакт со ‘Фајзер’, ‘Модерна’ и во комуникација со некои пријателски земји, но како што знаете ЕУ донесе прилично несреќна одлука. Одлучи државите од Западен Балкан да добијат дел од вишокот.
Нема вишок бидејќи побарувачката е поголема од она што се произведува.
Она што го знам е дека нема да заостануваме зад другите“, вети Рама.




