Секторот за внатрешни работи Тетово апелира и им укажува сопствениците на расни кучиња да не иницираат или организираат борби на вакви животни, зашто тоа е спротивно на Законот на прекршоци против јавниот ред и мир.



За ова е предвидена казна од 500 до 1000 евра во денарска противвредност.

Во зависност од околностите и крајните последици од користењето на кучињата за борби, истото може да се третира и како кривично дело „мачење животни” (член 233 од Кривичниот законик), за кое се предвидени парични или казни затвор до една година, истакнува Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од СВР Тетово потсетуваат дека што нелегалните борби на кучиња многу често се поврзуваат и со незаконско обложување што е претставува друго кривично дело.