Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, во свој стил за односот на Владата кон зачувување на националните интереси.
„Србија започна со вакцинирање. Македонија е на 5-то место во светот по смртност на милион жители. Тоа значи дека Владата требаше се да направи да бидеме меѓу првите вакцинирани. Ако не помага превенцијата, примарната и терцијалната здравствена заштита последна шанса ни е вакцината. Но овие луѓе ниту срам имаат а уште помалку одговорност и што е најлошо мислат дека добро ја водат државата.
Тие кутрите се надеваат дека ќе сме добиеле 5 илјади замислете повторувам 5 илјади вакцини од Бугарија. Не се 5 илјади туку 2,5 илјади вакцини затоа што на 21 ден се врши ревакцинација.
За ова мора да има одговорност и оној што несовесно си ја вршел работата треба да одговара пред законот и тоа дебело”, пишува Јакимовски и прашува каде е сега НАТО?
“Пари нема, инвестиции уште помалку, оружје ич, подобар живот јок, ама барем вакцини да има, па да кажеме еве еден ќар од НАТО.
Ова е трета светска војна која се води со биолошки средства. Нели НАТО пактот беше најмоќен сојуз во светот каде членуваат нејмоќните, технолошко-економско најразвиените земји и што од тоа? Ако сме најсилни, најмоќни, најразвиени, нај нај нај, ако сме дел од нивното смејство зошто немаме вакцини кога и тие?
Започнаа со вакцинирање Америка, Канада и Европа, а што е со нас?
И друг пат сум пишувал дека во некој отворен воен конфликт од пошироки размери да си знаете Македонци исто вака ќе ги чекаме гранатите, ракетите, куршумите и оружјето. Сето тоа ќе го добиеме од кога ќе не испотепаат како и денешниве вакцини од кога ќе испоумреме.
Заклучок: Секој си плаче на својот гроб. Какво НАТО какви бакрачи! Купувај си македонче оружје додека е време оти маф ти е работата. Сигурноста од твоето НАТО се само шарени лаги.
п.с. Не ми е јасно како лубриканти има доволно во светов, а вакцини нема. Како владата на време набави лубриканти, а за вакцините се неспособни”, заклучува лидерот на опозициската Гром.





