Помош за Рускоска и судот: Нинџа се појави на Гугл Мапс – И Мериот на мапата (ЛИНК)

На сервисот за мапирање на Google (Гугл) од попладнево се појави целата марш рута која што ја имал главниот сведок на обвинителството во случајот “27 април”.



Иако обвинителката Русковска тврдеше јавно дека сведокот со прекар Нинџа ги исклучил неговите два телефони и затоа не можело да се види дека бил во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ од мапата но и од стари судски материјали се гледа дека единствениот адут на ЈО цело време бил со активни телефони кои јасно покажуваат каде се движел на критичниот ден а за време на насилствата не влегол во седиштето на опозицијата.

На листата локации меѓу кои гравитирал Нинџа е и хотелот Мериот на екс шефот на ДБК Сашо Мијалков.

Линк до марш-рутата на Нинџа на Google maps

https://goo.gl/maps/qrY9yJToaa8qtJHM8

Русковска во “офсајд” , Нинџа не бил во ВМРО, бил ли во Мериот?