Филибастеринг и хаос во Собранието: Власта сака со закон да и наддаде 14 милиони евра на една фирма

Власта сака на мала врата без доволно информации и консултација со јавноста да се изгласа закон со кој ќе му се признае на Макпетрол сопственост од 50% во гасоводот во Македонија и истиот да му се плати по нерелано висока цена од 33 милиони евра иако самата власт вели дека вредноста на влогот на Макпетрол е 18,8 милиони евра, објавува ВМРО-ДПМНЕ.



Опозицијата поставува прашање зошто Владата на Макпетрол сака да му плати екстра 14,2 милиони евра?

Друго прашање на кое засега нема одговор е зошто Државниот правобранител не сакал да даде дозвола на премиерот Заев да го потпише контроверзниот договор.

За ВМРО-ДПМНЕ е скандалозно што како никогаш предходно власта инсистира да се донесе закон со кој држава ќе загуби огромна сума пари.

Затоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата прави се со долги говори да ја блокира работата со цел да не бидат злоупотребени 33 милиони евра народни пари, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Иако без одлука Собранието продолжува да работи по 18 часот и најверојатно ќе работи цела ноќ се додека не се донесе контроверзниот закон.

Целата на ваквата работа е граѓаните да не видат за каков закон се работи и кој ќе заработи екстра 14,2 милиони евра.

Компанијата Макпетрол е сопственик на телевизијата Телма за која ВМРО-ДПМНЕ обвини дека пред еден месец без образложение откажа интервју на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.