Бугарските медиуми меѓу кои и државната агенција БТА пренесува дека според македонскиот шеф на дипломатијата Бујар Османи виновникот за блокираната евроинтеграција на Македонија не е Софија туку Брисел.
“Направивме се што е потребно, доволно сме подготвени и одложувањето на почетокот на преговорите беше грешка на самата Европска унија, пренесуваат бугарски медиуми кои го цитираат Османи од настапот пред Комисијата за надворешни работи на парламентот во Скопје, пренесува БГНЕС.
Османи истакнал дека „затоа апатијата, песимизмот не треба да нè обзема“. И тој ги потсетил пратениците на сложениот механизам за одлучување во Европската унија со консензус дека „треба“ да се навикнат политичарите околу Вардар, објавија локалните медиуми.
„Нашиот стратешки интерес останува ист – да донесеме повеќе Европа дома и да ја однесеме Македонија во ЕУ“, објасни Османи.
Во однос на Бугарија, првиот дипломат на Скопје рече дека „најдобрата опција сепак останува во добра намера да се зајакне спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и да се врати довербата на Бугарија во неговата ефикасност и примена“, пренесуваат бугарските медиуми.






