Вицепремиерот и бугарски министер за одбрана не престанува да изненадува со „автентични“ изјави околу актуелниот „спор“ со Македонија и македонската историја која не ја признава.
„…од југословенско време населенето се обучува да мрази, се воспитува на омраза кон Бугари, Албанци, кон Грци, љубов имаат само кон Белград и кон Србите. Се друго треба да биде мразено. Ние сме за нив Татари, фашисти и окупатори…“ рече Каракачанов во изјава за државната телевизија БНТ во која повика политичарите, македонската историја да ја градат врз основа на автентични факти.
„Ќе излезе дека Македонците постојат од времето на апостол Павле, а дека Исус Христос бил Македонец. Само ние Бугарите сме некакво долно племе, вели визепремиерот.





