На Олимпискиот стадион во Лондон денеска се одвива претпоследниот ден на 16. Светско атлетско првенство. И како што е ред, во овој викенд не очекува кулминација на возбудувањата, а во главната ролја повторно е Усаин Болт, кој, според најавите, за последен пат ќе трча на големите натпреварувања. Јамајканецот ќе биде дел од штафетата на својата земја во трката 4 пати по 100 метри и се надева на 12. мундијалско злато иако трката која е на крајот од денешната програма се очекува да биде пеколна зошто за главниот конкурент, за Американците, ќе настапат првиот и вториот од индивидуалната „стотка“ Гетлин и Колеман.
Освен овој натпревар денеска во Лондон медали ќе се доделуваат и во дисциплините копје, десетобој и 5000 метри кај машките и 100 со пречки, скок во височина и споменатата штафета 4 пати по 100 метри кај девојките.





