Партиите на Албанците против легализација на марихуаната

Алијанса за Албанците нема да го поддржи Законот за легализација на марихуаната:



„Не, ние изјавивме неколку пати дека не поддржуваме таков Закон.“, вели Абази“ вели Бујар Абази од партијата за Тв21.

И од Алтернатива пред два дена изјавија дека нивната коалиција нема да поддржи ваков закон.

„Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, нема да подржи таква идеја за легализација на наркотици и нема да гласи таков закон, бидејќи нашата дилема е дали на Премиерот Заев по битна му е семејната економија или државната економија?“, велат Алтернатива.

Претседателот на Движењето Беса за ТВ21 не даде конкретен одговор дали ќе дадат поддршка за законот.

„Јас како Билал Касами сметам дека Македонија нема можност да го легализира канабисот за да има економски придобивки, а да нема социјална штета.“, изјави Касами.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, исто така во дебатниот магазин „Клик Плус“, рече дека во нашата земја се уште не се создаде услови за легализација и лична употреба на марихуана..