Двата тони марихуана украдени од складиштето во Јосифово и однесени во Арачиново можно е веќе да е изнесена од државата и продадена, наговести министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во утринското гостување на ТВ24.
„Има индиции да е изнесена надвор од Македонија и дека е продадена. Досега од таа кражба се пронајдени повеќе од 300 килограми, но не е најден остатокот од Јосифово. Се анализираат и се обезбедуваат докази, но истрагата не е завршена. рече Спасовски, одговарајќи на прашање.
По обидот за уште една кражба од фабрика во Крушево, Спасовски рече дека до сега откако од септември повторно е на чело на полицијата запленети се 550 килограми на марихуана која се складира во депоата на Агенцијата за одземен имот.






