Британската пејачка Рита Ора, која се наоѓа во Бугарија каде снима спот за нејзиниот нов сингл, стана колатерална жртва на прекинатите летови кон Велика Британија по појавата на новиот мутиран коронавирус, објави „Дејли меил“.
30-годишната пејачка е загрижена дека нема да може да се врати дома за Божиќ, бидејќи бугарската влада ги прекина сите летови до 31 јануари 2021 година по веста заноиот вирус.
Рита Ора пристигна во Бугарија да снима спот за нејзиниот нов сингл. Непосредно пред тоа, таа беше вмешана во скандал околу организирана забава за нејзиниот 30-ти роденден, потсетува БГНЕС.





