Василева: Захариева се налути за “фригидна кучка” а молчеше за “Глупава п…а” на Борисов

Бугарската интелектуалка доктор Радосвета Василева која на социјалните мрежи и на својот блог ги анализира состојбите во Бугарија, во контекст на навредите од Македонија открива како се однесувала министерката Екатерина Захариева кога нејзиниот шеф Борисов употребил сексуална навреда за бугарска политичарка.



“Ме прашаа дали не сум загрижена што Македонија/македонската пропаганда ја нарече Екатерина Захариева „фригидна кучка”.

Јас го осудувам пцуењето на жените.

Но, Борисов го нарече својот шеф на парламентот „глупава п…а“.
Зошто Захариева не поднесе оставка? Дали една жена со достоинство би работела за перверт?

И, дозволете ми да повторам – пцуењето на жена е грдо и недозволиво колку и да не ја сакате личноста.

Екатерина Захариева заслужува основно почитување. Скандалозно е што таа нема почит кон себе и кон својот вид.

Не мешајте ги двата случаи!”, пишува бугарската правничка и интелектуалка која жестоко ги критикува двојните стандарди на Захариева и својата влада и во случаите поврзани со Македонија.

Бугарска блогерка за Захариева: Апсолутна брука од министер за надворешни работи!

Двата случаи за 27 април разнишани до темел

Русковска вознемирена откако сведокот соработник “Нинџа” е фатен на базни станици