Најавата на министерот Филипче дека македонските граѓани многу скоро ќе добијат вакцини од Бугарија станува проблематична ако се чита изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов на истата тема.
За разлика од Филипче и премиерот Заев кои ги премолчеа деталите од договорот меѓу Македонија и Бугарија за вакцините бугарскиот премиер Борисов е јасен и дециден: Македонците ќе добијат вакцини преку Софија но само откако ќе бидат покриени потребите на бугарските граѓани.
“Подготвени сме да помогнеме со вакцините против КОВИД-19, земјите од Западен Балкан и Источното партнерство, откако ќе им обезбедиме потреби на бугарските граѓани.
На денешната владина седница присуствуваше и министерот за здравство на Република Македонија, Венко Филипче, кој изрази благодарност на неговата земја во овие тешки моменти. Ние се солидаризираме со нашите пријатели во нивните напори за надминување на кризата предизвикана од КОВИД-19. Ние го правиме тоа со најчисто срце и за животот и здравјето на нашите најблиски соседи”, порача Борисов.
Ниту Борисов ниту Заев и Филипче не дадоа бројка на вакцини или термин и рок во кој Бугарија ќе испорача вакцини на Македонија.
Линк до изјавата на Борисов
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2970964083131642&id=100006542380422




