На обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска која ги гони учениците и организаторите на настаните од 27 април не ѝ се допадна сведочењето на вештакот кој докажа дека Нинџа не бил во седиштетото на ВМРО-ДПМНЕ на „27 април“
Обвинителката Вилма Рускоска беше видно вознемирњна и нервозна по денешното сведочење на вештакот Мирослав Котевски кој со анализа на телефонските броеви на Александар Василевски Нинџа (единствен сведок на обвинителството) и на Миле Јанакиески и Спиро Ристовски докажа дека обвинетите немале никаква комуникација со Нинџа на 27 април 2017 година.
Исто така вештакот докажа дека Нинџа на 27 април воопшто не бил во партиската зграда на ВМРО-ДПМНЕ.
Но, тоа не и се допадна на Рускоска која се жалеше кај судијата Илија Трпков дека вештакот ги вештачел разговорите на Нинџа врз основа на скенирани докази а не врз оригналните документи.
На тоа се спротистави адвокатот Еленко Миланов кој објасни дека дека вештачењето е направено врз основа на докази кој и судот ги поседува.
Судијата Трпков го запраша вештакот дали ако мобилниот телефон е исклучен дали тоа се регистрира во базните станици на што тој одговори потврдно, односно дека уредот е постојано уклучен на некоја базна станица.
“Во доказите нема податоци кога му е исклучен мобилниот телефон каде тој се наоѓа”, објасни пред судот професорот Котевски кој со својот исказ до темел го урна случајот на Русковска која сега ги гони наводните организатори а веќе се осудени десетина луѓе на огромни затворски казни.
Судски вештак ја урна конструкцијата на “Нинџа” и Русковска за 27 април




