Претседателот на парламентот Талат Џафери смета дека не се создадени услови за декриминализација и легализација на употребата на марихуана окако премиерот Зоран Заев го најави тоа.



„Наместо цигари, да пушиме марихуана. Сметам дека не се создадени перцептивни предуслови кај нашите граѓани по ова прашање и не се создадени предуслови за општа легализација за рекреативна употреба“, рече Џафери на ТВ 21.

Џафери вели дека за да го блокира ДУИ законот има инструменти во Собранието и нема потреба да падне Владата.