Лилјана Поповска од ДОМ, со остар коментар на адреса на министерот за здравство, Венко Филипче кој ја посети Бугарија каде од бугарската влада добил уверување дека на Македонија ќе и донира одреден број вакцини од европската пратка.
„На бугарската влада ли најдовте да ѝ се молите, која ни ја тресна и заклучи вратата за напредок??? Аман, луѓе, што правите? Боли понижувањето“, пишува Поповска.






