Судски вештак ја урна конструкцијата на “Нинџа” и Русковска за 27 април

Судски вештак кој ги анализирал базните станици преку кои се гледа движењето на клучниот сведок на обвинителството покажува фрапантни вистина која целосно го поништува сведочењето на Александар Василевски Нинџа врз основа на чии искази се осудени и се гонат луѓе.



Според вештакот Нинџа не бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ пред критичните настани на 27-ми април.

Според анализата на базните станици и мобилните телефони кои ги поседувал Александар Василевски Нинџа, “златната кокошка на Вилма Рускоска пеел нарачана песна на судењето за 27-ми април.

На денешното рочиште вештакот проф. д-р Мирослав Котевски ја презентираше неговата стручна анализа на движењето на Нинџа според алгоритамот на базните станици на кои биле регистрирале неговите два мобилни телефони.

Вештакот Котевски тврди дека за прв пат телефоните на Нинџа се регистрирани на базната станица која го покрива седиштето на ВМРО-ДПМНЕ по 22 часот, а не во 17:00 (како што тврдеше Нинџа за времето во кое дошол во ВМРО-ДПМНЕ според една верзија), 18:00 (како што тврдеше во друга верзија), односно 18:45 (како што Нинџа тврдеше во трета верзија).

Која и верзија од четирите на Нинџа да се земе дека е вистинита, иако самото постоење на четири верзии укажува дека сведокот Нинџа лажел, не е поткрепена со материјални докази и податоци како презентираните од базните станици од страна на професорот Котевски.

„Корисникот на бројот 076 44**06 (во сопственост на Александар Василевски
Нинџа) бил во непосредна близина или во самата зграда на седиштето на
политичката партија “ВМРО-ДПМНЕ” во временски период помал од 1 минута
(22:19) и корисникот на бројот 075 28**51 (во сопственост на Александар Василевски
Нинџа) бил во непосредна близина или во самата зграда на седиштето на
политичката партија “ВМРО-ДПМНЕ” единствено во временски период од 5
минути (22:08 до 22:13 часот)”, вели професорот и судски вештак за движењето на Нинџа.

Она што е нејасно е зошто самата Вилма Рускоска не нарачала вакво вештачење уште во првиот случај во кој со помош на сведочењето на сведочењето на докажаниот сведок соработник Нинџа, 15 луѓе беа осудени на над 200 години затвор.

Посебмо прашање е зошто судијката за 27 април а сега уставна судијка Добрила Кацарска не увидела ваков евидентен факт, туку својата пресуда ја темели во огромен дел на евидентно лажното сведочење на Василевски-Нинџа?

Одговорите се очигледни за сите што разбираат право и политика.