Откако косовски Уставнен суд го прогласи за неуставен изборот на актуелната влада, Во Косово во рок од 40 дена ќе треба да се одржат нови парламентарни избори.
Претседателката на парламентот и в.д. претседател на Косово, Вјоса Османи, ќе ги повика денеска политичките партии на разговор во врска со датумот на одржување на изборите откако Уставниот суд го прогласи неуставен изборот на владата на Авдулах Хоти на 3 јуни.






